За нас

Компанијата ДПТУ ,,АГ & БМ“ ДООЕЛ е основана во 2004 година од страна на лицето г-дин Орце Манушев како увозно-извозна компанија чија што главна дејност е откуп на земјоделски производи.

Седиштето на компанијата се наоѓа во југоисточниот дел од Р.Македонија, во населеното место Муртино.

Од основањето па се до ден денес, со вршењето на примарната дејност компанијата АГ & БМ ДООЕЛ прерасна во една од најголемите и водечки компании за извоз на земјоделски производи од Р. Македонија.

Дека сме компанија која го дели врвот со неколкумина потврдуваат и нашите вредносни карактеристики, како:

  • висок квалитет на свежо овошје и зеленчук кои се одгледувани во чисти еколошки средини;
  • Пакување на продуктите според пазарните потреби;
  • Навремена достава на робата на клиентите на странските пазари;
  • Стручно квалификуваниот работен тим кој во секој момент се наоѓа во пресрет на нашите клиенти;
  • Поволните работни услови во кои работи тимот на вработени лица кој ги задоволува бараните хасап стандарди за квалитет..

Листата на клиенти на АГ – БМ ДООЕЛ за соработка надвор од границите е голема и истата рапидно расте од година во година.

Поголемиот дел од партнерите со кои имаме воспоставено соработка се наоѓаат претежно во: Русија, Полска, Украина, Чешка, Белорусија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Турција и.т.н.

Во 2014 година компанијата направи голем исчекор во својот развој со својата инвестиција во нов производствен капацитет наменет за производство на пластична амбалажа.

Со тоа го доби и епитетот компанија – олигопол со најсовремена технологија во предметната индустрија.

При производството се запазени меѓународните стандарди за квалитет ISO 9001 и ISO 14001.