Домати

Домати

Доматите се богат извор на минерали и витамини. Доматот содржи многу малку масти, калории и холестерол, а обилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали. Во исхраната се употребува: свеж, конзервиран, како сок, прелив (кечап - доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар. Доматите се применуваат на бројни начини. Свежи или исечени на парчиња или измешани во салати - тие се секогаш вкусни. Нивниот вкус е единствен во природата и го подобрува вкусот на секоја храна која се готви.

Достапност

Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Септември
Октомври